In order to view this page you need Flash Player 9+ support!
Фирмите кој организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај (образец“ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2011 година.
Образецот “ПДД/ГИ-ЗП” може да се преземе преку веб страницата на УЈП : www.ujp.gov.mk
Пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник/организатор на зелен пазар), најдоцна до 31 јануари 2012 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска.
Непочитување на законските рокови и обврски
Доколку до 31 јануари, организаторот на зелениот пазар не поднесе извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”) за корисниците на продажните места во 2011 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на организаторот, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.

Почитувани граѓани,
Согласно Планот за работа за 2012 година на Општина Богданци Ве известуваме дека во текот на месец февруари 2012 година ќе се отпочне со реализација на проектот за означување на паркинг простори за Вашите возила.
Сите ние сме сведоци на хаосот кој што владее во нашето населено место, како резултат на неорганизираниот сообраќај и немањето означени места за приватен паркинг. Од наша страна, ние како локална самоуправа подготвени сме тој хаос да го доведеме во ред. Наша задача ќе биде да ги означиме сите места за приватно паркирање на возилата и нивно осветлување, а Ваша задача ќе биде да наидеме на разбирање за изведувањето на овој проект со тоа што Вие како граѓани ќе не поддржите и ќе ни ги доставите потребните податоци за потврдување на паркинг просторот.
Исто така, се замолуваат сите граѓани кои поседуваат стари и хаварисани возила, паркирани на видни места, истите во рок од еден месец да ги отстранат со што просторот предвиден за паркинг ќе го добие својот вистински лик, а самите Вие да не бидете доведени во ситуација како граѓани да сносите казни и глоби.
Оние граѓани кои поседуваат повеќе од едно возило нека достават податоци на лицето задолжено за нивно евидентирање во Општина Богданци, Софија Николиќ Лисичкова.
Тел. За контакт: 070 292 004
Да придонесеме сите за поубаво Богданци!
Градоначалник
на Општина Богданци
Ристо Ичков
Страница 1 од 37
|
|
|
|
| 6°C | 2°C | 1°C |
| Саб | Нед | Пон |