Macedonian English

Општина Богданци - Добредојдовте

СООПШТЕНИЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

     ЕВН Македонија АД Скопје, КЕЦ Гевгелија ги известува потрошувачите на електрична енергија од с.Ѓавото дека на ден 24.02.2012 година (петок) ќе има прекин на снабдувањето со електрична енергија на сите стопански и нестопански потрошувачи од 10:00 до 17:00 часот.

     Без напојување ќе биде и Пумпата за вода Ѓавaто ( Комунален сервис, Богданци)

     Прекините се поради итни и неодложни работи на далекуводот.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на општина Богданци го издава следното

                                    С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план, Урбанистички план вон населено место за изградба на Верски објект со хотелско – угостителски комплекс на КП 2810, дел од КП 2812, м.в. Болован, дел од КП 2797, м.в. Побрешко и дел од КП 4209 м.в. Паљурци,  КО Богданци вон град

Јавната презентација ќе се одржи во салата на Советот на општина Богданци на ден 24.02. 2012 година ( петок ) со почеток во 12:00 часот.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена сметано од ден 24.02. 2012 година ( петок ), од 08:00 часот до 16:00 часот.

Нацрт планот, Урбанистички план вон населено место за изградба на Верски објект со хотелско – угостителски комплекс ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина и на огласната табла во општина Богданци на ул.„Маршал Тито“ бр. 62.

Просторот за кој се донесува Нацрт планот е дефиниран со следните катастарски парцели:

К КП 2810, дел од КП 2812, дел од КП 2809, дел од КП 4210, дел од КП 4209, м.в. Болован и дел од КП 2797, м.в. Побрешко, КО Богданци вон град.

Површината на опфатот изнесува 5 ха, и се наоѓа во м.в. „ Болован “ , „ Побрешко “ и

„Паљурци “,  КО Богданци.

Заинтерисираните граѓани и правни лица своите забелешки, предлози и мислења на Нацрт планот, Урбанистички план вон населено место за изградба на Верски објект со хотелско – угостителски комплекс можат да ги достават писмено на анкетни листови.

Анкетни листови може да се подигнат и достават во архива на општина Богданци.

 

                                                                                             Градоначалник

                                                                                      на Општина Богданци

                                                                                               Ристо Ичков

 

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 слика
    Денес, 20.02.2012 година, градоначалникот Ристо Ичков оствари работна средба со претставници од Исламската верска заедница за источниот дел на РМ. Делегацијата беше предводена од муфтијата Иса Исмаил, референтот за верски прашања за источниот дел на РМ Нури Реџепов и оџата Асан Телли.

    Средбата беше дел од работните посети на оваа заедница и посета на семејствата кои живеат во Општина Богданци од муслиманска вероисповед. Во општина Богданци има 22 муслимански семејства.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

    Владата на Република Македонија на ден 12.02.2012 година донесе одлука за прогласување кризна електроенергетска состојба која опфаќа превентивни мерки кои треба да ја зачуваат стабилноста на системот.

    Ваквата одлука  започна да важи од (Понеделник, 13.02.2012 година) од 12 часот и ќе се применува до 29 февруари 2012 година.

   Општина Богданци апелира до сите граѓани на Богданци и населените места, с.Ѓавото, с.Стојаково и с.Селемли да се воздржат од непотребно трошење на електрична енергија.

 

                                                                                                                 Градоначалник

                                                                                                          на Општина Богданци

                                                                                                                    Ристо Ичков

 

Страница 1 од 39

Временска прогноза

Cloudy Sunny Partly Cloudy
6°C 12°C 12°C
Сре Чет Пет

Линкови

Банер
Банер
Банер
Банер

20 години НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Банер
Банер

Попис 2011

Банер