Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Крсте Таушанов - музичар

 

   Се родил во 1939 година, а починал во 1991 година.
    Како гитарист и пејач бил член на вокално инструменталната група "Мањифико", од нејзиното основање во 1959 година, до нејзиното расформирање во 1990 година..
    Со " Мањифико " го негувал латино - американскиот мелос и снимил 360 песни, издавајќи 34 сингл плочи. 6 лонгплеј плочи, едно ЦД, една видеокасета и одржал 3000 концерти во 30 земји.
    Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век тој бил член и на семејниот состав " Фамилија".

Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Почитувани,

Ве известуваме дека за приемен ден на Градоначалникот, Блаже Шапов е определен секој Четврток во месецот во периодот од 09.00 до 13.00 часот, во просториите на Кабинетот во општинската зграда.

Се замолуваат граѓаните да се придржуваат на дадениот распоред, со цел ефикасно и ефективно работење на општинската администрација и успешно одговарање на граѓанските потреби и барања.

 

Со почит,               

                                                                                                                                                                                                                                 Општина Богданци

 

                                                                                                        

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВАТА (КОНСТИТУТИВНА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 02.11.2017 година (Четврток) со почеток во 13.00 часот во салата на Советот на општина Богданци ќе се оддржи првата (Конститутивна) седница на новоизбраниот Совет на општина Богданци. Решение за свикување на истата согласно Законот за локалната самоуправа и Деловникот за работа на Советот на општина Богданци донесе Претседателот на Советот на општината од претходниот состав, Блаже Шапов.

 На седницата ќе се работи по следниот Дневен ред:

            1. Избор на Верификациона комисија;

            2. Верификација на мандатите на новоизбраните членови на Советот;

            3. Избор на Кандидациона комисија;

            4. Избор на претседател на Советот на Општина Богданци;

            5. Избор на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

Истата ќе може да ја проследите во живо на следниот You Tube канал: https://www.youtube.com/channel/UCD0CQMnCCARc9UUgAW6RAgg?disable_polymer=true.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕКА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ МОЖАТ ДА ИЗВАДАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА БОГДАНЦИ СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК И ЧЕТВРТОК ОД 08.00 ДО 16.00 часот.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕ ДА СЕ ОБРАТИТЕ НА ТЕЛЕФОН 034/221-066.

СООПШТЕНИЕ

Започнувајќи од 09.08.2017година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2лица (хигиеничар за стамбен и деловен простор и општ работник) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2017) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци

ЈАВЕН ОГЛАС

 
 
 
 
 
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017година се објавува:
 
Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во 
Програмата Општинско - корисна работа
 
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка од ранливите за најранливите”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.
 
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
 
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
 
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
 
- млади лица до 29 години со ниски квалификации
- жртви на семејно насилство
- деца без родители и родителска грижа
- самохрани родители
- Роми
- невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
- млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
 
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
 
- Хигиеничар (Одржување на хигиена во домовите  услуга наменета за старите и изнемоштените лица)
- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници   услуга наменета застарите и изнемоштените лица)
- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)
 
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија во периодот од 14.09.2017година до 19.09.2017година.
 
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданци и избраните кандидати.
 
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданци кај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија  кај лицето Даница Гавриловска,  Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
759301

Посетители

1238035
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
2225
1284
6321
37795
1238035

Server Time: 2017-11-22 23:49:40
Joomla template by Joomlashine.com