Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавностНајавиИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

Најави

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

      Почитувани,

     Ве известуваме дека втората седница на Советот на општина Богданци е закажана за ден 10.11.2017 година (Петок) со почеток во 15.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.    

      На седницата ќе се работи по следниот        

ДНЕВЕН  РЕД

            1. Предлог – Одлука за определување членови на Советотна Општина Богданциза присуство при склучување брак во Општина Богданци;

            2. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за статут и прописи;

            3. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;

            4. Предлог – Решение за  избор на претседател и членови на Комисијата за јавни дејности;

            5. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;

            6. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;

            7. Предлог-Решение за разрешување на член од Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

            8. Предлог-Решение за разрешување на член од Надзорниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

            9. Предлог –Решение за разрешување на член од Училишниот одбор на СОУ „Богданци“-Богданци.

Истата може да ја проследите во живо на следниот You tube канал: https://www.youtube.com/channel/UCD0CQMnCCARc9UUgAW6RAgg?disable_polymer=true.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

ПОЧИТУВАНИ,

Ве известуваме дека на ден 04.11.2017 година (САБОТА) во град БОГДАНЦИ од 08:00 часот ќе има прекин во испораката на вода до корисниците. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради интервенција на главниот цевковод и главни линии.

Се надеваме на Ваше разбирање

 

МАКЕДОНИЈА ПО СЕДМИ ПАТ СЕ ВКЛУЧУВА ВО АКЦИЈАТА ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

              Во акцијата часот на планетата Земја се вклучуваат над 170 земји, меѓу кои и Македонија. Акцијата има еколошки карактер, односно преку симболично исклучување на осветлувањето во рок од еден час, се дава порака за спас на планетата Земја.
Општина Богданци ја подджува акцијата за симболично исклучување на осветлувањето. За таа цел, на ден 19 март во 20:30 часот, во времетраење од 1 час, ќе се исклучи јавното осветлување во Богданци.
              И Вие можете да се вклучите во акцијата Часот на планетата Земја со симболично исклучување на светилките во Вашите домови.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

По повод  „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, Ве информираме дека акцијата ќе се реализира на ден 02.12.2015 година (среда), со почеток во 09 часот. Локацијата за пошумување, м.в. Брданов Камен, се наоѓа во близина на „Депонијата“ на Богданци.

Поради близина на локацијата за пошумување, автобуски  превоз нема да има.

Во акцијата се вклучени учениците од ООУ„Петар Мусев“ Богданци и СОУ„БОГДАНЦИ“ Богданци, како и граѓани од општина Богданци.

Учениците од ООУ„Кирил и Методиј“ од Стојаково, пошумувањето ќе го реализираат во Стојаково, м.в. Ушите. Поради близина на локацијата за пошумување до населеното место,   автобуски превоз нема да има.

 

НАЈАВА ЗА ПРВОМАЈСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СТОЈАКОВО

Како што е веќе познато,традиционално секоја година, во Стојаково се организираат првомајски натпревари. Од пред многу години,  направиле благодет којшто и до ден денес го прославувавме,а се надеваме и во иднина. На 1 Мај, на денот на трудот во Стојаково ќе се организира богата програма, како на натпреварувачки, така и на забавен план. Забава со сите нишани, како за помладите така и за постарите. Програмата ќе ја збогатат трките со коњи, со магариња, трка на 100 метри за јуниори и сениори, трка на 3000 метри, трка со вреќи, трка за девојки на 100 метри, трка со велосипеди и влечење јаже. За натпреварувачите се обезбедени по три награди од секоја трка, значи I , II и III место (парично). За забавата да биде уште подобра, побогата и поамбиентална ќе се погрижи локална музичка група.

Почетокот е во 08:30 часот.

ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

     На 28март(Сабота) во  периодот од 20:30 до 21:30 часот општина  Богданци ќе го исклучи уличното осветлување на неколку локации во Богданци.Со тоа ќе даде свој придонес во глобалната волонтерска акција „Часот на планетата земја“ која годинава ќе се спроведува во 162држави.

Македонија шеста година по ред  се вклучува во одбележувањето на оваа најголема светска еколошка акција, која дава порака за спас на планетата Земја.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани од територијата на општината во сабота на 28–ти март во 20,30 ч по локално време сите заедно да ги исклучиме светилките еден час и на тој начин да ја покажеме нашата солидарност во борбата против климатските промени, како граѓани на Планетата Земја.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
759301

Посетители

1238035
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
2225
1284
6321
37795
1238035

Server Time: 2017-11-22 23:49:40
Joomla template by Joomlashine.com