Општина Богданци                                                                                          

Настани

Имплементиран проектот И јас сум дел од заедницата во населените места Ѓавото и Селемли

 

Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија во соработка со општина Богданци во рамки на проектот  „И јас сум дел од заедницата“ кој е финансиски поддржан од Civika Mobilitas – Скопје на ден 30.01.2018 успешно реализира отворени дискусии во населените места Ѓавото и Селемли.

Проектот  се спроведува во  општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Главната цел на проектот е подигање на свеста за активно учество во креирање на политиките на локално ниво во руралните населени места  како и интензивирање на соработката со локалната самоуправа и жителите од руралните средини во наведените четири општини со интерактивна и одговорна соработка на локалната самоуправа. Клучнaтa активност е организирање и реализација на 30 отворени  дискусии со локалното население во 30 рурални населени места под 500 жители за надлежностите и ингеренциите на Советот на општините и Градоначалникот,  начините и формите на нивното учество во донесување одлуки за решавање на локалните проблеми.

На крајот од проектот ќе биде изработен извештај од проектот со акцент на заклучоците и постигнатите резултати после извршената евалуација на проектните активности во 100 примероци и овие брошури ќе бидат дистрибуирани на сите советници во наведените општини со цел овие заклучоци, забелешки и предлози бидат разгледани од страна  на локалната самоуправа и Советите на општините заради осознавање на фактичката состојба во овие населени места и преземање на соодветни мерки и активности.

КОЛЕДАРСКИ ОГАН ВО БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО

Почитувани, имаме голема чест да ве поканиме да присуствувате на традиционалното палење на коледарскиот оган.

Во Богданци настанот ке се оддржи во Петок, 05.01.2018 година, во Гратскиот парк со почеток во 18 часот.

Настанот е во организација на општина Богданци со поддршка на Лебопекара ММ и Солун 53 маркети.

Во Сабота, 06.01.2018 година, истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ке се оддржи во населено место Стојаково збогатен со оддржување на забавна програма во Домот на култура Стојаково со почеток во 20 часот. 

 

РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“

 

Резултати од извлекувањето на наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“ која се одржа на 26.12.2016г.

  Извлечени купони:
1. За награда LAP TOP 250G5 - купон со реден број   01 07 15
2. За наградаTV Hjundai 32 led smart - купон со реден број      00 90 25
3. За награда Правосмукалка -купон со реден број       01 07 04
 
Доколку до 31.01.2017год. извлечените добитници не се јават во општина Богданци, тогаш наградите ги добиваат следните извлечени купони: 
 
1. 01 06 91
2 .01 06 87
3. 01 06 86
 
 

Оддржан работен состанок со НВО секторот во општина Богданци

Врз основа на заложбите за поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор, а согласно годишната Програма на оделението за ЛЕР во делот на активноста: Финансирање на локални микро проекти од различни области, оделението за ЛЕР на ден 23.06.2016 организираше работен состанок со претставници од НВО секторот во општина

На состанокот беа образложени оперативните насоки за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Богданци преку програмата за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој  за 2016 година и целата методологија за распределба на овие средства опфатена во нив

НВО секторот го поддржа моделот на распределба на средства по пат на јавни повици со барање во иднина за зголемување на финансиските средства по повик како и бројот на повици во текот на една година.

Општина Богданци во партнерство со локални компании зеде учество на 13-от по ред Саем за градежништво - Скопски саем

       

 

         Општина Богданци во соработка со локалните компании Франи Пласт, Ники и Фенико 2000 активно се вклучи во рамките на Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација на Скопскиот саем.

        110 компании од земјава и од странство се претставени во три хали на Скопскиот саем на 13-от по ред Саем за градежништво и на 6-от по ред Саем за недвижности „Real Expo“, кој е отворен за посетителиод 01-05.03.2016 год. Покровител на саемската манифестација годинава е Министерството за финансии, која пред посетителите ќе ги претстави владините проекти „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. На годинешниов Саем за градежништво зедоа учество 90 компании, додека на Саемот за недвижности се претставени 20 компании. Покрај од нашата земја присутни се и учесници од Германија, Турција и Србија.

        Од Скопски саем очекуваат околу 15.000 посетители.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
852536

Посетители

1391351
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
504
1338
13040
34944
1391351

Server Time: 2018-02-18 08:26:19
Joomla template by Joomlashine.com