Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР - МАТЕМАТИКА БЕЗ ГРАНИЦИ

Во периодот од 30.06 до 01.07. 2018 година во Несебар, Бугарија се одржа Финалето на V Меѓународен турнир "Математика без граници" .  Во финалето учествуваа 1300 ученисници од 15 земји финалисти: Бугарија, Австралија, Азербејџан, Виетнам, Иран, Казахстан, Кина, Киргистан, Македонија, Малта, Русија, Романија, Турција, Узбекистан и Филипини. Македонија учествуваше  по втор пат во финале со 42 учесника меѓу кои и учениците од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „Богданци“ Богданци. Наградени ученици од Богданци се: Ивана Ѓорбашлиева, Илија Чрчев и Дори Иванова, сите со бронзени медали а останатите учениците се здобија со пофалници за учество.

      

 

Одговорниот организатор за Македонија на овој турнир, Адријана Тодорова, наставник по математика во ООУ „Петар Мусев“ Богданци, го доби највиското признание на турнирот доделено на наставник- странец за мотивациона дејност во областа на математиката и организациона дејност за турнирот, кое и беше доделено од Градоначалникот на Општина Несебар, под чие покровителство е и турнирот.

 

Наставници од Богданци кои, исто така, добија признание за залагање во севкупната организација на  турнирот се: Драгица Ѓавочанова, Адријана Тодорова и директорот на ООУ „Петар Мусев“, Атанас Нанчев.

Честитки до учениците и наставниците и огромна благодарност до спонзорите: Општина Богданци, Баџо ДООЕЛ, казино Фламинго, ООУ,, Петар Мусев,,  СОУ ,,Богданци,, и родителите на учениците кои овозможија да се учествува на овој натпревар. 

Учениците – учесници испраќаат  порака : ,, Се гледаме догодина на истото место бидејќи математиката не познава ниту расни, ниту георгафски граници,, .

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1128039

Посетители

1776439
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
131
1846
7975
38381
1776439

Server Time: 2018-09-22 01:19:24
Joomla template by Joomlashine.com