Општина Богданци                                                                                          

ЈАВЕН ОГЛАС ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ОКР

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка од ранливите за најранливите 2”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месецизаради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месецистатусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денаримесечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-   Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

-   Млади лица до 29 години

-   Лица постари од 50 години

- Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

- Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

-   Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-   Жртви на семејно насилство

-   Инвалидни лица

-   Жени припадници на помалите етнички заедници

-   Лица припадници на ромската етничка заедница

-   Самохрани родители

-   Родители на деца со пречки во развојот

-   Родители на 3 и повеќе деца

-   Лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници   услуга наменета застарите и изнемоштените лица)

- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелијаво периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданции избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданцикај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија  кај лицето Тодор Ристов,  Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.

 

 

СООПШТЕНИЕ

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на Oпштина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за опшптинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2018) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

-   Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

-   Млади лица до 29 години

-   Лица постари од 50 години

-   Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

-   Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

-   Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-   Жртви на семејно насилство

-   Инвалидни лица

-   Жени припадници на помалите етнички заедници

-   Лица припадници на ромската етничка заедница

-   Самохрани родители

-   Родители на деца со пречки во развојот

-   Родители на 3 и повеќе деца

-   Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во Oпштина Богданци ке се ангажираат 2 (две) лица за период од 6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:

-           Помошник негувател (деца со посебни потреби)

-           Општ работник (грижа за стари лица)

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот оглас е отворен од 01.08.2018 до 14.08.2018 година.

СООПШТЕНИЕ

Започнувајќи од 16.05.2018 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со Oпштина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 1 лице (општ работник) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2018) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци

ВТОРО АВИО - ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани,

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од по 5741 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека второто прскање е планирано да се изврши на 29.07.2018 година (Недела) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 30.07.2018 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 19.07.2018 година во периодот од 09.00 до 13.00 часот екипите на ЕВН Македонија ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енерија, без снабдување ќе останат сите стопански и нестопански корисници од влезот на Богданци, село Ѓавото и индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија (Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и 2, пумпа за вода Комунално Богданци во Ѓавото, систем Спас за Дојран..)

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1128008

Посетители

1776387
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
79
1846
7923
38329
1776387

Server Time: 2018-09-22 01:04:03

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com