Општина Богданци                                                                                          

ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Општина Богданци со исклучување на уличното осветлување во Богданци и годинава ќе се вклучи во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“.

Осветлувањето ќе биде исклучено на ден 24.03.2018 година (Сабота) во периодот од  20.30 до 21.30  часот кога во мрак ќе бидат голем број на градови и држави ширум светот.

ЗАКАЖАНА ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека деветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 15.03.2018 година (Четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.    

На седницата ќе се работи по следниот     

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог - Завршна сметка на Буџетот на Општина Богданци за 2017 година;
  2. Предлог-Годишен извештај  на Општина Богданци за 2017 година;
  3. Годишна сметка за 2017 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  4. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
  5. Измена на Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2018 година;
  6. Годишна сметка за 2017 година на СОУ „Богданци“ – Богданци;
  7. Годишна сметка за 2017 година на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци;
  8. Годишна сметка за 2017 година на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково;
  9. Годишна сметка за 2017 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
  10. Годишна сметка за 2017 година на ЈП „Комунална чистота“ – Богданци;

11.Разгледување на  Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите за изборна кампања за локални избори 2017 година на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ;

  12. Советнички прашања.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

Општина Богданци, на ден 15 март 2018 година (четврток), со почеток во 16 часот, во просториите на Домот на културата „Бранд Петрушев“ - Богданци, организира презентација „Управување со отпадни масла за јадење“.

Презентер: Компанијата „Суниленс“ Дооел Скопје.

Влез слободен

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈП КОМУНАЛНА ЧИСТОТА БОГДАНЦИ

Се известуваат корисниците на услуги на ЈП "Комунална чистота"од Општина Богданци , кои имаат заостанат долг повеќе од 5 неплатени сметки да се јават во просториите на ЈП "Комунална чистота"за регулирање на долгот, во рок од 5 работни дена.

Во спротивно ќе се покрене судско наплаќање на долгот со што трошоците ќе ви се зголемат за најмалку 20%.

Се надеваме на разбирање од Ваша страна, во интерес на продолжување на соработката.

 

08.03.2018год                                                                                                                               ЈП ``Комунална чистота``– Богданци В.Д. Дир.Ристо Прочков

                                                                                                                                                         

СОБИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ

Општина Богданци организира презентација  „Управување со отпадни масла за јадење“.

Презентер: Компанија „Суниленс“ ДООЕЛ Скопје.

Дата: 15 март 2018 година (четврток)

Реден број

 

Учесници

Место на одржување на презентацијата

Време на одржување на презентацијата

1

Ученици и вработени од ООУ  „Кирил и Методиј“ - Стојаково

ООУ  „Кирил и Методиј“-  Стојаково

11:15 - 11:55

2

Ученици и вработени од СОУ  „Богданци“- Богданци

СОУ „ Богданци“-  Богданци

 

12:45 - 13:30

 

3

 

Заинтересирани граѓани

 

Дом на култура „Бранд Петрушев“- Богданци

 

Влез слободен

16:00 - 16:45

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1051708

Посетители

1654501
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1735
1963
3698
33398
1654501

Server Time: 2018-07-17 19:00:37

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com