Општина Богданци                                                                                          

СВИКАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека седмата седница на Советот на општина Богданци е закажана за ден 07.02.2018 година (Среда) со почеток во 14.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.    

На седницата ќе се работи по следниот   

  ДНЕВЕН  РЕД

1. Предлог-Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот октомври-декември 2017 година;

2. Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација (Проект „Изградба на патна инфраструктура во Туристичка Зона Паљурци“);

3. Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација (Проект „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“);

4. Акциски план за имплементација на стратегија за локален развој  (2015-2020) на општина Богданци за 2018 година;

5. Годишен извештај за реализација на Програмата за активностите на општината Богданци во областа на Локалниот економски развој во 2017 година;

6. Предлог-Решение за измена на Решението за формирање на Координативен одбор за следење на спроведување на стратешки документи на Општина Богданци и именување на членови во истиот;

7. Предлог-Одлука за утврдување на потреба од ажурирање на процената за загрозеност на подрачјето на Општина Богданци од сите ризици и опасности;

8. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 4402);

9. Разгледување на програми за екскурзија на ООУ „Петар Мусев“-Богданци за учебната 2017/2018 година;

10. Разгледување на извештај за реализираните активности на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;

11. Разгледување на Програма за работа на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушев“- Богданци за 2018година;

12. Извештај за реализација на програмата за финансирање на културните активностите на Општина Богданци во 2017 година;

13. Извештај за реализација на програмата за финансирање на спортските активностите на Општина Богданци во 2017 година;

14. Извештај за реализација на програмата за финансирање на активностите на Општина Богданци  во областа на социјалната заштита во 2017 година;

15. Разгледување на  Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите за изборна кампања за локални избори 2017 година на Независна Листа – Група избирачи Митко Мишев;

16. Советнички прашања.

СООПШТЕНИЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА, ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И КАБАСТ ОТПАД

Почитувани,

Општина Богданци продолжува со собирање на електрична и електронска опрема. Собирањето се врши во специјален контејнер поставен на Паркинг просторот до зградата на Општина Богданци. Во контејнерот  може да се носи отпад секој работен ден од 08 до 16 часот, освен во сабота, недела и на државни празници.

Општина Богданци  продолжува и со поставување на садови за искористени батерии.  Поставени се вкупно  9 (девет) садови, во следните објекти: Општина Богданци, СОУ „Богданци“, ОУ „Кирил и Методиј“ - Стојаково со подрачно училиште во с.Селемли,  ЈОУДГ „Коста ПопРистов – Делчев“ - Богданци, супермаркет „ М-3 Трејдинг“- Богданци, супермаркет „С-53 ММ3“- Богданци и супермаркет „КУМ“ - Богданци.

Садови за искористени батерии ќе бидат поставени и во населените места во Општината.

 

Општина Богданци во соработка со ЈП „ Комунална Чистота“ започнува со собирање на кабаст отпад (стар мебел).

Распоред за 2018 година:

Реден

број

Населено место

Секој прв понеделник од  месецот

Час

Место на оставање  на отпадот

1.

Богданци

5 март

7 мај

3  септември 

3 декември

Од10до  13 часот

Во близина на контејнерите за комунален отпад.

 

Ве известуваме дека Општина Богданци  во соработка со ЈП „Комунална Чистота“  започнува со собирање на електронска и  електрична опрема како и  кабаст отпад (стар мебел) и во населените места Стојаково, Селемли и Ѓавато. 

Распоред за 2018 година:

Реден

број

Населено место

Секоја последна сабота од  месецот

Час

Место на оставање  на отпадот

1.

Стојаково

24  февруари

28 април

26  мај

29  септември  

24  ноември

Од   08  до  10часот

1. До контејнерот во дворот на ресторанот;

2. Пат за с.Селемли (главна улица на с.Стојаково), до контејнерите  на продавницата „Жаки Пром“ ;

3. Патот за Богородица, до контејнерите кај супермаркет  „МИЏО“.

Распоред за 2018 година:

Реден

број

Населено место

Секоја последна сабота од  месецот

Час

Место на оставање  на отпадот

1.

Селемли

24  февруари

28 април

26  мај

29  септември  

24  ноември

Од   10 до  12 часот

1.До контејнерите спроти продавницата на „ДУ-МИ“ ;

2.До контејнерите спроти продавницата „Ивана“ .

Распоред за 2018 година:

Реден

број

Населено место

Секој последен петок од месецот

Час

Место на оставање  на отпадот

1.

Ѓавато

30  март

 29 јуни

 26  октомври

28  декември

Од    10 до   12 часот

1.До контејнерите, во близина на  „ФЕР МАРКЕТ.

Телефон за контакт: ЈП „Комунална Чистота“ 034 221 038

Листа на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема

 

Имплементиран проектот И јас сум дел од заедницата во населените места Ѓавото и Селемли

 

Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија во соработка со општина Богданци во рамки на проектот  „И јас сум дел од заедницата“ кој е финансиски поддржан од Civika Mobilitas – Скопје на ден 30.01.2018 успешно реализира отворени дискусии во населените места Ѓавото и Селемли.

Проектот  се спроведува во  општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Главната цел на проектот е подигање на свеста за активно учество во креирање на политиките на локално ниво во руралните населени места  како и интензивирање на соработката со локалната самоуправа и жителите од руралните средини во наведените четири општини со интерактивна и одговорна соработка на локалната самоуправа. Клучнaтa активност е организирање и реализација на 30 отворени  дискусии со локалното население во 30 рурални населени места под 500 жители за надлежностите и ингеренциите на Советот на општините и Градоначалникот,  начините и формите на нивното учество во донесување одлуки за решавање на локалните проблеми.

На крајот од проектот ќе биде изработен извештај од проектот со акцент на заклучоците и постигнатите резултати после извршената евалуација на проектните активности во 100 примероци и овие брошури ќе бидат дистрибуирани на сите советници во наведените општини со цел овие заклучоци, забелешки и предлози бидат разгледани од страна  на локалната самоуправа и Советите на општините заради осознавање на фактичката состојба во овие населени места и преземање на соодветни мерки и активности.

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА ВО ЈОУДГ КОСТА ПОП РИСТОВ ДЕЛЧЕВ БОГДАНЦИ

Врз основа на Одлуката за обезбедување на средства за субвенционирање на престој на деца во ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ Богданци  бр.08- 1983/19 од 27.12.2017година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 21/17), Градоначалникот на општина Богданци објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА ВО ЈОУДГ „Коста Поп- Ристов Делчев“ БОГДАНЦИ

Општина Богданци ќе обезбеди средствата од Буџетот на општина Богданци за 2018 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на престој на деца на самохрани родители со месечни примања во висина до 12.500 денари во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов“ Делчев Богданци.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  до 1.500денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за престој во детска градинкадо1.500денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат лица со статус на самохрани родители на деца до шестгодишна возраст  и тоа:

Ø  Невработени или вработени лица со месечни примања во висина до 12.500 денари.

       Со барањето за субвенционирање на престој во  детската градинка се доставува следната документација:

Ø  Фотокопија од Извод од матичната книга на родените (за дете) ;

Ø  Потврда за невработеност/ потврда за плата;

Ø  Изјава дадена под морална, материјална и кривична одговорност дека лицето, подносител на барањето е самохран родител;

Ø  Лична карта (на увид);

      Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданциили преку пошта, на адреса: општина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

      Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 02.02.2018година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 1983/18 од 27.12.2017година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 21/17), Градоначалникот на општина Богданци објавува  

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2018 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

Ø  Лица корисници на постојана парична помош;

Ø  Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци, корисникот на постојана парична помош или член на неговото семејство;

 

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

 

Ø  Потврда дека е корисник на постојана парична помош;

Ø  Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;

Ø  Лична карта (на увид);

 

      Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданциили преку пошта, на адреса : општина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

      Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 02.02.2018година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.                                                                    

   

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
974168

Посетители

1545827
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
928
863
9423
31026
1545827

Server Time: 2018-05-20 13:33:21

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com