Општина Богданци                                                                                          

„Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“ - Ѓавото

 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
   Врз основа на Програмата  за спроведување на проектот „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“, ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа – Гевгелија, заедно со Општина Богданци ќе одржат информативна средба која има за цел информирање на граѓаните за условите, начинот и постапката за остварување на права од социјалната заштита.
 
   Ги повикуваме жителите на населено место Ѓавото дека на ден 20.11.2013 година (среда) во 13.00 часот, во просториите на училиштето ќе има стручен тим за помош при решавање на социјалните проблеми на населението.
 
 
 
Општина Богданци
 

„Љубовна приказна“ од Драмско атеље СОУ „Богданци“

   

   Петокот 08.11.2013 со почеток во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно се изведе претставата базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата сеуште се оддржува во одредени термини за учениците од училиштата. Истата е во режија на Кире Ѓорѓиев и ја изведуваат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот пијанист Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“.

 

Известување по Закон за домување

   Општина Богданци Ве известува дека доколку сопствениците на посебните делови од станбената зграда немаат назначено Управител или регистрирано Заедница на сопственици, должни се согласно член 134 од Законот за домување („Службен весник на РМ“ бр.99/09...55/13) да го извршат истото.
 
   Доколку не се постапи по истото, а имајки го во предвид член 45 од Законот за измени и дополнувања на Законот за домување („Службен весник на РМ“ бр.36/11), во кое е пропишано дека „доколку сопствениците на посебните делови не определат управител или не регистририраат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон, тогаш на барање на овластениот инспектор за домување, Управителот го определува судот во вонпарнична постапка избран од регистарот на управители на станбени згради од членот 109 ст. 1 т. 6 на овој закон.

Претстава на Драмско атеље СОУ „Богданци“

   Со влез од 100 денари вечерва во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно ќе се изведе претстава базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата во режија на Кире Ѓорѓиев ќе ја изведат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“. 

Одржана работилница „Климатски промени и планирање на мерки за прилагодување“

  Изминатиов викенд, поточно во саботата на 02.11.2013 година, во  просториите на СОУ “Богданци“ во рамките на проектот УСАИД Општински стратегии за климатски промени  се одржа  работилница на тема: „Климатски промени и планирање  на мерки за прилагодување“.
 
  Како што е познато овој проект во Општина Богданци се спроведува веќе неколку месеци наназад, а крајна цел е да се изработи Стратегија за климатските промени  во Општина Богданци. Истиот е финансиран од УСАИД и го спроведува Милиеуконтакт Македонија.
 
   Општина Богданци е една од четирите општини во Р. Македонија кои што се избрани за спроведување на овој проект, така што после изготвувањето на Стратегијата, треба да произлезат предлог-проекти кои ќе бидат финансирани од УСАИД.
   

   Во рамките на овој проект, како што рековме, неколку месеци наназад, работат неколку работни групи во различни области, кои ги идентификуваат , анализираат и предложуваат предлог мерки за намалување на влијанието на климатските промени во скоро сите области од општественото живеење.
 
   Конкретно оваа работилница беше осврт на досега сработеното, со учество како на претставници од работните групи, така и претставници од  јавните институции и жители на Богданци. Работилницата ја водеа претставници од Милеуконтакт Македонија, а искуството од работата на овој проект во Казахстан со присутните го сподели гостинот од Вашингтон г-нот Глен Андерсон.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1128039

Посетители

1776439
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
131
1846
7975
38381
1776439

Server Time: 2018-09-22 01:19:24

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com