Општина Богданци                                                                                          

Прв јавен собир за изготвување на локална стратегија за климатски промени

   Здружението Мрежа за рурален развој на Република Македонија од Скопје заеднички во партнерство со Општина Богданци, доби можност да биде меѓу првите општини во Македонија кои ќе изготвуваат Општинска стратегија за климатски промени. Активностите за изготвување на ваквата стратегија се поддржани од проектот на УСАИД “Општински стратегии за климатски промени“ кој се спроведува од страна на  Милиеуконтакт Македонија.
 
   За изготвување на стратегијата за климатски промени во Општина Богданци ќе се користи методологијата на “Зелена Агенда“ која е развиена од страна на Милиеуконтакт Интернационал и досега e спроведувана во 40 општини во Централна и Источна Европа на теми поврзани со заштитата на животната средина и културата.

Презентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“

Првиот јавен состанок на засегнати страни ќе се одржи на 14.06.2013 година (петок), во ОУ„Петар Мусев„ Богданци со почеток во 20:00ч,
 
Целите на состанокот се:
 
Презентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“
Презентирање на методологијата на Зелена Агенда за изготвување на стратегии за климатски промени
Презентирање на резултатите од неодамна спроведената анкета за утврдување на вредностите на граѓаните на општина Богданци
Формирање на работни групи кои ќе ја изготвуваат стратегијата за климатски промени и ќе развиваат пилот- проекти
 
   На овој прв состанок учество ќе земат учество Директорот на Милиеуконтакт Македонија г. Игор Славкоски, претставник од УСАИД, Градоначалничката на Општина Богданци г-ца Анастасија Олумчева. 
 
Покануваме сниматели, фоторепортери и новинари во просториите на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци во 19.45 часот
 
Информација за обилни врнежи од дожд од Управа за Хидрометереолошки Работи

   Ва последните 24 часа најмногу дожд наврна во Виница 41 л/м2, потоа 33 Дојран, 32 Струмица, 28 Гевгелија, 27 Скопје – З. Рид и Пожаране, 25 Куманово, 24 Прилеп и Берово, 22 Д. Капија, 21 Тетово, 19 К. Паланка, 18 Претор, 17 Ѓуриште, 16 Битола и Кавадарци, 15 Штип, 14 Скопје – Петровец, 12 Крушево и Маврово, 9 Дебар и 3 л/м2во Охрид.   
   Денес ќе преовладува промениво облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Околу пладне и попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.
 
Зошто данок на имот?

Општина Богданци спроведува кампања за плаќање на данок на имот. Целта и резултатите од плаќањето на данокот на имот може да ги проследите на следната презентација:

Општински конкурс за климатски промени

   По повод 5 Јуни – Светски ден на животната средина, Општина Богданци распиша Конкурс за климатските промени на глобално и локално ниво. Конкурсот траеше до 30.05.2013 година, а право на учество имаа сите ученици од прво до осмо одделение од основните училишта во општината и учениците од СОУ “Богданци“.
   Наградите за најдобрите од овој Конкурс им беа доделени на учениците од страна на градоначалникот на Општина Богданци, г - ѓица Анастасија Олумчева. Пред доделувањето на наградите градоначалникот изрази најискрена благодарност до учесниците на конкурсот како и на комисијата за оценување на творбите. 
   Своите творби учесниците ги доставија според пропишаните пропозиции и тоа во форма на проза, поезија, цртежи и фотографии во три категории:
- I категорија за ученици од I до IV одделение на тема: „Да ја заштитиме планетата Земја“;
   Награди од I категорија добија Стефан Узунов I награда во проза, Марина Мојсова II награда во проза и I награда во поезија како и Мирјана Чавдарова I награда во проза.

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

Културни настани

Број на гледања на артикли
1128008

Посетители

1776387
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
79
1846
7923
38329
1776387

Server Time: 2018-09-22 01:04:03

Joomla template by Joomlashine.com